ФБИ спречило три американски тинејџерки да им се приклучат на ИД во Сирија

Од:

Три тинејџерки од предградие на американскипт град Денвер во сојузната држава Колорадо, можно е да се обиделе да се прилучат кон борците на групата Исламска држава во Сирија, јавија американските медиуми.

Девојчињата украле пари од своите родители и тргнале за Германија. ФБИ ги задржало на аеродромот во Франкфурт и ги вратило во Колорадо кај нивните семејства.

Две девојчиња биле сестри – на возраст од 17 и 15 години, додека третата  била нивна 16-годишна пријателка. Откако во петокот не отишле на училиште, биле прогласени за исчезнати, но нивните семејства немале претстава каде можеле да заминат.

Пред еден месец во истиот град, во предградието Арвада, 19-годишната Шенон Конли пред судот се изјасни за виновна за намерата да им помага на џихадистите во Сирија. Таа била приведена во април при обидот да се качи на авион за Сирија. Таа планирала да ги искористи своите познанства и искуство стекнати за време на службата во американските копнени сили. Ако не можела да помогне со тоа, сакала да се грижи за болни, затоа што била обучена за помошник медицинска сестра. Конли може да добие до пет години затвор и парична казна од 250.000 долари.

ФБИ не наведува како трите девојчиња се решиле да им помагаат на џихадистите. Во случајот со Конли таа при распитите кажала дека сакала да се омажи за човек, со кого се запознале на социјалните мрежи и кој и кажал дека е Тунижанец, кој се бори во редовите наИсламската држава во Сирија.

Би можело да ве интересира

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп

ФБИ уапси две лица во Мичиген поради смртни закани кон Трамп

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

ФБИ изврши претрес во домовите на двајца Американци поврзани со руски државни медиуми

Горан Наумовски

ФБИ доби дојава: Можна одмазда за обидот за атентат врз Трамп

ФБИ објави нови детали за обидот за атентат врз Трамп