Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) отвори кривична истрага за уривањето на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, кој беше погоден од товарен брод минатиот месец, која барем делумно ќе испита дали екипажот го напуштил пристаништето знаејќи дека бродот има сериозен системски проблеми, рекоа тие двајца американски функционери со знаење за ова прашање.
Властите ги разгледуваат настаните кои доведоа до моментот кога бродот „Дали“ под знаме на Сингапур ја загуби струјата додека го напушташе пристаништето Балтимор и удри во столб на мостот, рекоа официјалните лица, кои побараа да останат анонимни.
ФБИ е присутно на товарниот брод „Дали“ и спроведува правни дејствија одобрени од судот, се вели во соопштението на агенцијата.