ФБИ: Конгресот внимателно да размисли пред ограничување на следењето на телекомуникациите

Од:

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Роберт Малер го повика Конгресот внимателно да размисли пред да прифати какви било промени, што може да ги ограничат програмите за следење на телекомуникациите на Агенцијата за национална безбедност.

Малер пред Комисијата за правда на Сенатот истакана дека програмата за снимање на телефонските разговори помогнала за откривање меѓу 10 и 12 терористички заговори.

Според него, комуникациските способности на терористите се нивната најслаба алка. – Ако сакаме да ги спречиме терористичките напади ние треба да ги познаваме и проникнеме во нивните комуникации, изјави Малер.

Директорот на ФБИ, меѓу другото изјави дека американските власти користат беспилотни летала за набљудување на територијата на земјата во одредени ситуации.

ФБИ подоцна објави сооопштение во кое се наведува дека беспилотните летала се користат за следење на неподвижни објекти и набљудување сериозни ризици за избегнување опасни ситуации на безбедносните служби.

Минатиот месец претседателот на САД Барак Обама застана во одбрана на употребата на беспилотните летала во странство. Сепак, тој увери дека САД никогаш нема да користат беспилотни летала опремени со оружје на американска територија.

Би можело да ве интересира

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина