ФБИ ќе учествува во истрагата за експлозијата во Либан

Од:

Американскиот државен потсекретар за политички прашања Дејвид Хејл изјави денеска дека Федералното истражно биро (ФБИ) ќе им се придружи на Либанците и другите меѓународни истражители во истрагата за експлозијата во пристаништето во Бејрут во која загинаа повеќе од 170 луѓе, а најмалку 6.000 се повредени.

За време на посетата на една од погодените населби во Бејрут, Хејл рече дека ФБИ ќе учествува во истрагата на покана на либанските власти.

Тој изјави дека учеството во истрагата е еден од начините на кои САД му помагаат на Либан во решавањето на последиците од катастрофалната експлозија.

Хејл пристигна денеска во Либан и треба да се сретне со либанските власти во наредните два дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски