ФБИ ги објави запленетите документи од Никола Тесла

Од:

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) ги објави сите документи кои ги поседува за Никола Тесла, 73 години откако американските власти по смртта на познатиот начник, заплениле два камиони со негови работи. 

Документите од кои е отстранета ознаката на доверливост, се објавени во согласност со Законот за слободно информирање, 

Во документите има информации за „зракот на смртта“, оружје за кое Тесла тврдел дека го осмислил, како и за експериментите со „тркалезните молњи“.

Меѓу објавените содржини е и планот на ФБИ за апсење на роднина на научникот, за кој се верувало дека се обидувал да стигне до неговите документи.

Меморандимот со запленетите документи од страна на ФБИ е со датум од 9 јануари 1943 година и во него се наведува дека Тесла ивзедувал многу експериметни поврзани со безжично пренесување на струја, познато како „зрак на смртта“.

Тесла е најпознат по осмислувањето на системот за неизменична струја, како и по предвидувањето на појавата на паметни телефони и скајпот. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он

Маск ги продаде акциите на Тесла

А1он

Акциите на Тесла паѓаат поради Твитер, новата инвестиција на Маск

А1он

Маск продаде акции од „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари

Ана Ололовска