Фаучи: Првите вакцини против Ковид-19 околу Нова година

Од:

Ако сè оди како што треба, првите дози на безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19 ќе бидат достапни за ризичните групи во САД кон крајот на декември или евентуално на почетокот на јануари, соопшти денеска Ентони Фаучи, водечкиот американски имунолог.

Врз основа на проекции на големите компании Модерна и Фајзер, Американците „во одреден момент во декември ќе знаат дали има ефективна вакцина или не“, додаде Фаучи.

– Првиот увид во вакцината треба, се надевам, да го имаме во следните неколку недели, рече тој.

Модерна и Фајзер во јули ја почнаа последната фаза на клиничкото тестирање и во неа учествуваа десетици илјади луѓе.

Претставници на Модерна денеска соопштија дека се на добар пат да дадат прелиминарни податоци за последната фаза на тестирање на вакцините веќе следниот месец.

Фајзер, кој требаше да ги објави прелиминарните податоци за тестирањата во октомври, нема да може да ги објави пред ноември, а тоа најверојатно ќе се случи кога ќе завршат претседателските избори на 3 ноември.

Податоците прво ќе бидат проверени од Агенцијата за храна и лекови, како и Центарот за контрола и превенција на болести и ќе дадат препорака кој би можел да ја произведе првата доза на вакцини за поширока употреба.

Би можело да ве интересира

Најмалку седум лица се повредени денеска во напад со нож во Вашингтон

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет

Белата куќа веста за заминувањето на Илон Маск од функцијата ја нарече „ѓубре“

Предраг Петровиќ

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак