ФАРК прогласи едностран прекин на огнот во Колумбија

Од:

Најголемата бутновничка група во Колумбија вчера прогласи едностран прекин на огнот, јави БТА.

По серијата напади, што го отежнаа мировниот процес, Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) соопштија дека ги прекинуваат непријателските дејствија до 20 јули.

– Дојдовме во Куба да постигнеме мировен договор, да ставиме крај на војната, која трае повеќе од половина век, рече бунтовничкиот лидер Иван Маркес.

Бунтовниците соопштија дека ја донеле одлуката заради повикот за прекин на огнот од Куба и Норвешка, кои се посредници во преговорите меѓу ФАРК и Владата на Колумбија.

Колумбискиот претседател ја поздрави одлуката, но ги повика бунтовниците да преземат ангажман за поинтензивни преговори.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски