ФАРК ќе помага во чистење на минските полиња во Колумбија

Од:

Колумбиската влада и ултралевичарските бунтовници од ФАРК се согласиле заеднички да работат во остранувањето на минските полиња во Колумбија, поставени во руралните краишта од земјата.

Согласност за оваа операција е постигнат на мировните преговори што веќе две години се водат во Хавана меѓу претставници на колумбиската влада и ФАРК.

Според договорот, бунтовнииците на ФАРК ќе работат заедно со претставниците на колумбиската армија за да се најдат и отстранат нагазните мини и другите експлозивни средства расфрлани низ оваа земја.

Колумбија важи за една од земјите во кои има најмногу поставени мини во светот. Повеќе од 11 илјади луќе се повредени од нагазни мини во изминатите 15 години.

ФАРК и армиските сили на Колумбија војуваат уште од средината на шеесетите години на 20 век.

– Согласноста за заедничко чистење на мините е прв чекор, но е од огромно значење за постигнувањето целосен мир во Колумбија, изјави во Богота главниот прегиварач со ФАРК, Умберто де ла Кале.

Шефот на преговарчкиот тим на ФАРК, Иван Маркез изјави дека од спогодбата постигната во Хавана, полза ќе имаат пред се обичните луѓе кои работата по полињата.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски