ФАО: До 2030 година може да исчезне гладта во светот

Од:

Со инвестиции од 267 милијарди долари годишно во следните 15 години до 2013 година гладта во светот може целосно да исчезне, соопшти Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).

– Пораката во извештајот е јасна: доколку го задржиме статус квото во 2030 година ќе има уште 650 милиони лица кои гладуваат, изјави генералниот директор на ФАО, Жозе Гразиано де Силва, претставуваќи го во Рим извештајот изготвен во соработка со Светската програма за храна и Меѓународниот фонд за развој на земјоделството.

– Според оценките во нашиот извештај искоренувањето на хроничната глад бара инвестиции од 267 милијарди долари годишно во следните 15 години, што е 160 долари годишно за секој човек, кој живее во сиромаштија, изјави Де Силва.

– Доколку се земе предвид дека тоа е еднакво на околу 0,3 проценти од светскиот Бруто домашен производ, јас лично сметам дека цената за искоренување на хроничната глад е мошне мала, додаде директорот на ФАО.

Извештајот е изготвен од трите агенции на ОН, специјализирани во борбата против гладта и во земјоделството, пред третата меѓународна конференција за финансирање на помошта за развој, која ќе се одржи од 13 до 16 јули во главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

Би можело да ве интересира

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

ОН: Речиси еден милион луѓе гладуваат во сиромашните држави

Ана Ололовска

Оксфам: За последните шест години екстремната глад двојно зголемена во климатските жаришта во светот

Ана Ололовска

Се поголем број деца во Сомалија се соочуваат со глад

А1он

ОН: Делови од Сомалија се соочуваат со глад

А1он