Фајзер за седум дена, Спутник за 15, за колку време ќе стекнете имунитет зависи од тоа која вакцина ќе ја примите

Од:

Вакцинацијата низ светот започна, па луѓето штом ја примат втората доза од вакцините се нетрпеливи да дознаат дали конечно се заштитени од ковид и одат во лабораториите за да проверат дали имаат антитела. Сепак, вакцините против коронавирусот се различни и во различно време создаваат имунолошки одговор. Доктор Радан Стојановиќ, професор на клиничка фармакологија од Србија, објаснува кога се стекнува имунитет по руската, кинеската, а потоа и фајзеровата и вакцината на АстраЗенека.

ФАЈЗЕР: Седум дена по втората доза

Што се однесува до фајзеровата вакцина имунитетот се постигнува најбрзо во однос на другите вакцини.

„Клиничките испитувања ни покажуваат дали луѓето кои ја добиле вакцината помалку ќе заболуваат од ковид во однос на оние кои добиле плацебо. Во рамките на таа студија, испитаниците се следат и се заклучило дека кај фајзеровата вакцина, по 14 денови од првата доза постои одреден степен на заштита, односно помалку луѓе заболеле во групата која ја примила вакцината, отколку кај оние кои примиле плацебо“, вели професорот Стојановиќ.

Научниците ги следеле испитаниците и откако ја примиле втората доза по 21 ден од првата и се покажало дека со вакцината на Фајзер целосен имунитет се постигнува седум дена по втората доза.

Инаку, Фајзер овие резултати ги објави и во престижните научни списанија.

СПУТНИК V: 15 дена по втората доза

Податоците велат дека имунитет со руската вакцина се стекнува релативно брзо.

„Максималното ниво на заштита кај неа почнува околу 15 дена по примањето на првата доза. Не е се потполно јасно со руската вакцина, но нивните експерти велат дека од тој петнаесетти ден се забележува ефикасност од 91,4 отсто“, вели Стојановиќ.

СИНОФАРМ: 21 ден по втората доза

Со податоците за Синофарм има двоумења бидејќи досега се објавени само оние од првата и втората фаза на испитување, додека третата фаза се уште е во тек и информациите се собираат.

„На основа на она што го слушнавме од кинеските соопштенија и од Емиратите, таа вакцина е ефикасна 76 отсто, со тоа што се чини дека имунитетот се стекнува нешто подоцна отколку со другите вакцини. Знаеме дека само 18 отсто кои ја примија вакцината Синофарм развија антитела седум дена по првата доза, а седум дена по втората доза е забележан пораст на антитела, со тоа што не се знае кога се стекнува тој целосен имунитет по втората доза. Засега се претпоставува дека тоа е околу 40 дена од првата доза, односно три седмини од втората доза“, вели Стојановиќ.

АСТРАЗЕНЕКА: Нема податоци

Вакцината на Астразенека е пропратена со бројни двоумења, па со сигурност не се знае кога по примањето на вакцината се стекнува имунитет на ковид.

„Кога е имунитетот во прашање, тие почнаа да го продолжуваат тој период меѓу вакцините, па велеа дека да поминат четири седмици меѓу двете дози за да делува вакцината, а потоа осум седмици, за сега да велат дека е пожелна разлика од 12 седмици меѓу двете дози за да се создаде целосен имунитет. Многу не се знае за неа, со тоа што нејзината ефикасност е помала отколку кај другите, околу 78 отсто, но и тоа е се уште прашање. Се зависи како се прават истражувањата, па не мора да значи дека нејзината ефикасност е вистина пониска во реалноста“, вели Стојановиќ.

Тој заклучува дека сите овие вакцини се задоволувачки ефикасни и потсетува дека вакцината против грип е ефикасна околу 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Најголемото жариште на опасниот бразилски сој П.1. е во Канада

Мала хималајска нација за седум дена го вакцинираше целото возрасно население

Катерина Павлова-Николовска

Србија се поблиску до колективен имунитет, вакцинирани речиси три милиони граѓани

А1он

Идната недела завршува вакцинацијата на приоритетните групи

Европа има најголем број новозаразени со Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

Околу 3000 лица примија „Спутник V“ на стартот на масовната имунизација

Катерина Павлова-Николовска