Словенија и Германија подготвија нон-пејпер во кој ќе се предвиди дека во претпристапниот процес нема да има можност за вето и блокада поради билатерални прашања со соседните земји, најави министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон.
„Тоа е иницијатива за забрзување на целиот процес на проширување, односно на претпристапниот процес, за да немаме премногу можности да ставиме вето на блокадата на соседите поради билатерални прашања и да ја искористиме можноста за гласање со квалификувано мнозинство ( QMV) неколку пати покрај самиот процес“, вели Фајон во интервју за црногорска агенција.Мина.
На прашањето за коментарот за нон-пејперот на Хрватска испратен до Црна Гора, Фајон рече дека искуството на Словенија покажува дека билатералните прашања секогаш треба да се решаваат во добрососедски дух и дека тоа треба да се решава пред влезот во ЕУ.