„Фајненшл тајмс“: Иранците преку техеранскиот „Сејф сити“ го извршија атентатот врз Хамнеи

Од:

Израелската разузнавачка служба Мосад имала пристап до речиси целокупниот систем на сообраќајни камери во Техеран, што овозможило детално следење на движењата во близина на строго чуваниот комплекс каде престојувало иранското раководство, објави Financial Times, повикувајќи се на израелски разузнавачки извори.

Според наводите, една од камерите имала особено добар агол кон објектот, што овозможило прецизен увид во движењата на обезбедувањето. Во аналитички центар во Израел, податоците во реално време биле обработувани со напредни алгоритми, со што биле надградувани досиеја за припадниците на обезбедувањето – нивните адреси, работно време и вообичаени рути.

„Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим“, изјавил разузнавачки службеник, посочувајќи дека деталното познавање на теренот овозможува брзо воочување на секое отстапување.

Следењето на сообраќајот во живо, им овозможи на Мосад и на ЦИА точно да утврдат кога иранскиот врховен лидер ќе биде во своите канцеларии и кој се наоѓа во негова близина.

Дополнително, наводно биле оневозможени мобилните комуникации во околината на улицата Пастер, со привремено исклучување на предаватели во повеќе кули, што спречило евентуални предупредувања за закана.

Операцијата, според извештајот, била поддржана од израелската Единица 8200 за сигнално разузнавање, која обработувала огромни количини податоци од камерите и други извори.

Истиот извор наведува дека ваквата технолошка супериорност ѝ овозможила на израелската страна за кратко време да лоцира и елиминира повеќе ирански нуклеарни научници за време на 12-дневниот конфликт во јуни минатата година.

Во споредба со ликвидацијата на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, која барала сложена воздушна операција во Бејрут, нападот врз врховниот лидер на Иран, според наводите, бил технолошки поедноставен поради различните безбедносни околности.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Што остана од клучниот саудиски нафтовод

ВИДЕО: Нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Погоден ирански танкер во Ормускиот теснец, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Драма кај Оман: Проектили погодија два брода, еден се запали