„Фајненшл тајмс“: Иран и Русија имаат таен договор вреден 500 милиони евра

Од:

Иран постигнал таен договор за оружје со Русија во вредност од 500 милиони евра за набавка на илјадници напредни преносни ракетни системи, објави денес „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на протечени руски документи што ги видел.

Со договорот, наводно потпишан во Москва во декември, Русија се обврзува да испорача 500 преносни лансери „Верба“ и 2.500 ракети 9M336 во рок од три години.

Испораките се планирани во три фази, од 2027 до 2029 година, објави „Фајненшл тајмс“.

Со договорот, наводно потпишан во Москва во декември, Русија се обврзува да испорача 500 преносни лансери „Верба“ и 2.500 ракети 9M336 во рок од три години.

Според „Фајненшл тајмс“, испораките се планирани во три фази, од 2027 до 2029 година.

Според „Фајненшл тајмс“, договорот наводно го договориле рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ и претставник на иранското Министерство за одбрана и логистика на вооружените сили (МОДАФЛ) во Москва, објави „Ројтерс“.

Техеран официјално ги побара системите минатиот јули, според договорот до кој дошол весникот.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија ќе го зголеми потенцијалот и борбената готовност на своите вооружени сили

Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

Аракчи: Иран сега е во подобра ситуација отколку во војната со Израел

Техеран е подготвен да направи отстапки во замена за укинување на санкциите од САД

Врховниот лидер на Иран очекува атентат, тој веќе го претставил својот наследник

Путин потпиша закон – кога ќе реши ќе го исклучи интернетот во Русија

А1он