Фајман: Австрија ќе се придржува кон примената на бегалски квоти

Од:

Австрија ќе се придржува кон примената на бегалски квоти, изјави австрискиот канцелар Вернер Фајман, и покрај притисокот од ЕУ да ја одложи оваа спорна мерка, пренесе ДПА.

– Ние кажавме дека годинава ќе прифатиме 37.500 молби за азил. Тоа е политичка одлука и таа треба да биде применета согласно законот, изјави Фајман пред новинарите во Брисел по разговорите на самитот на ЕУ.

„Нема одлагање, нема промена“, дополни австрискиот канцелар.

Извори од ЕУ информираат дека Австрија е подложена на притисок да ја одложи спорната мерка за најмалку еден месец, пренесе ДПА.

Неколку европски лидери побарале Виена да ја одложи мерката до следниот самит на ЕУ, планиран за 17 и 18 март, што ќе биде фокусиран врз миграциската криза во Европа.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски