Facebook има речиси милијарда корисници!

Од:

Facebook е се поблиску до една милијарда активни корисници на својата социјална мрежа.

Во април годинава, Facebook објави дека бројката на активни корисници кои се логираат барем еднаш месечно изнесува 901 милиони, а истата за само неколку месеци се зголемила на 955 милиони корисници. Со оглед на фактот дека ваквиот скок е направен за само три месеци, оптимистичките предвидувања велат дека за многу бргу Facebook ќе стигне до милијарда.

Дел од вработените во социјалната мрежа, типуваа дека бројката од милијарда корисници ќе биде достигната во вториот квартал годинава, но засега предвидувањата сепак не се реализираа според нивните очекувања.

Сепак, според повеќето аналитичари на полето на социјалните мрежи, бројката е повеќе од достижна и со сигурност ќе биде достигната пред крајот на годинава, односно некаде околу октомври месец.

Она што е импресивно кај бројката од 955 милиони корисници е фактот што дури 552 милиони од нив се логираат на социјалната мрежа секој ден.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска