Фабиус: Кризата со бегалците ја става под сомнеж смислата за постоење на ЕУ

Од:

Кризата со бегалците ја става под сомнеж смислата за постоењето на Европската унија, изјави францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус.

– Европа преживеа многу кризи. Но овој пат причината поради која Европа постои и самото нејзино функционирање се ставени под сомнеж, рече Фабиус во интервју за францускиот весник „Фигаро“, за швајцарскиот „Трибјун де Женев“, шпанскиот „Паис“, италијанскиот „Република “ и белгискиот „Соар“.

– Илузија е да се верува дека секој ќе се извлече, доколку ги врати националните граници. Но, треба да си кажеме чесно дека освен неопходната солидарност со бегалците, не можеме да ги оставиме широко отворени вратите за сите економски мигранти, рече Фабиус.

Тој изрази загриженост за исходот од британскиот референдум следната година, доколку не биде решено прашањето со бегалците.

Фабиус додаде дека решавањето на бегалската криза нема да се случи со национален егоизам, туку со создавање на „центри за прифаќање и идентификување на бегалци во првите земји на ЕУ, во кои мигрантите влегуваат“, со организирање на систем за праведна распределба“ и со помош на „земјите надвор од ЕУ, кои се на првите линии“.

Би можело да ве интересира

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“