Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус синоќа во Токио изјави дека Франција не планира воздушни напади во Сирија врз позиции на групата Исламска држава.
– Моментно планот не е таков. Има распределба на задачите. Во Сирија ние помогнавме за формирање на умерена опозиција, но нема одлука за интервенција и се координираме со САД и арапските земји, изјави францускиот министер.
Фабиус, меѓу другото, ја истакна потребата од целосен прекин на сите финансиски извори на организацијата Исламска држава.