Ф-16 e соборен во Украина, загина пилотот

Од:

Украински пилот загина, а неговиот борбен авион Ф-16 беше соборен во голем руски напад со ракети и беспилотни летала, соопшти украинската војска.

Во соопштението се вели дека ова е трета таква загуба на борбен авион Ф-16 во војната.

„Пилотот го користел целото оружје што му било на располагање, соборувајќи седум воздушни цели. При соборувањето на последната, неговиот авион бил оштетен и почнал да губи висина“, соопшти воената авијација на апликацијата за пораки Телеграм.

Во соопштението се вели дека пилотот направил сè што можел и го однел авионот подалеку од населбата, но немал доволно време да се катапултира.

Војската објави дека Русија лансирала 477 беспилотни летала и 60 ракети од различни видови во Украина во текот на ноќта, и дека украинските сили уништиле 211 беспилотни летала и 38 ракети. Воздушните напади се регистрирани на шест локации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Воен авион со 110 војници се урна во Колумбија

А1он

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Стуб: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија