Евтаназија по неуспешна промена на полот

Од:

Над 44-годишен Белгиец, неделава е извршена евтаназија поради тешка психичка состојба во која се наоѓал подолго време по неуспешна операција за промена на полот.

Натан Верхелст починал во вторник во една бриселска болница во присуство на пријатели, пренесува Макфакс.

„Умре потполно смирен”, вели лекарот Вим Дистлманс, кој додава дека на Верхелст му е одобрена евтаназија затоа што било очигледно дека се наоѓа во неподносливо тешка психичка состојба.

Натан е роден како Ненси во семејство со три момчиња, а родителите го отфрлиле затоа што сакале уште едно момче.

„Прв пат кога се погледнав во огледало почувствував аверзија кон своето ново тело. ИМаше и среќни моменти, но на крајот посилна беше погрешната страна”, објаснувам Натан.

Имал три операции за промена на полот од 2009 до 2012 година, но и понатаму не се чувствувал удобно во своето тело и им велел на луѓето дека се уште има гради, а пенисот не му чини.

Жаклин Хереманс, член на националниот одбор за евтаназија, изјавила дека го прегледале двајца лекари, од кои еден психијатар, за да бидат сигурни дека не се работи за минлива депресија.

Додека во 2004 година, имало само шест случаи на евтаназија од психички причини, во 2011 се зголемиле на 33, а лани 52.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ