Европските лидери најдоа компромис со Холандија по договорот за асоцијација со Украина

Од:

Лидерите на ЕУ постигнаа компромис со Холандија која ќе му дозволи на Хаг да го ратификува договорот за асоцијација со Украина, изјави премиерот на Малта Џоузеф Мускат.

Според европски дипломатски извори, лидерите се согласиле на договорот за асоцијација да биде додаден текст според кој договорот не е чекор кон започнување на преговори со Киев за членство во Унијата, пренесува БТА.

Овој договор ќе и овозможи на ЕУ да покаже обединет фронт пред се по непријателската Русија и ќе придонесе за зајакнување на трговијата и соработката со источноевропските земји, кои тешко успеваат да се држат надвор од сферата на влијанието на Москва.

Договорот за асоцијација на Украина кон ЕУ беше отфрлен на референдумот во Холандија кон почетокот на годинава.

Сега премиерот Марк Руте ќе може да го поднесе во парламентот за одобрение, со што ќе се поништат резултатите од референдумот.

Би можело да ве интересира

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина