Двата први оперативни ГПС сателити од созвездиетот Галилео, лансирани во петокот од Француска Гвијана не се најдоа во предвидената орбита, јави дописникот на МИА од Париз.
– Дополнителните обсервации собрани по одделувањето на сателитите од мисијата Сојуз ВС09 за Галилело ФОЦ Ч1 даваат до знаење дека постои разидување меѓу постигнатата и предвидената орбита, се посочува во соопштението за јавноста на „Арианеспас“.
Во меѓувреме започна истрагата за да се дознаат причинита за неуспешното лансирање на првите два од триесетината европски сателити Галилео, кои треба да бидат конкуренција на американскиот систем ГПС.
Според меѓуминистерскиот кооординатор за програмата Галилео во Франција, Жан-Ив Ле Гал, „ќе биде сложено“ да се стават двата сателити во предвидената орбита“.
Програмата Галилео финансирана од ЕУ е проценета на 5,5 милијарди евра, а првото лансирање на оперативните сателити повеќе пати беше одложувано. Системот за навигација треба да може да се користи за пет години, иако претходно тоа беше предвидено за 2010 година.