Европскиот суд за човекови права ја потврди осудата на француски новинар

Од:

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), ја потврди осудата на француски новинар за објавување на фоторобот портрет на човек осомничен за силување, оценувајќи дека нема „сериозна причина за да се стави во прашање „одлуката на француските судови.

-Судот не утврди сериозна причина да ја доведе во прашање процената донесена од страна на (француските) судови кои сметаа дека интересот за информирање на јавноста не ја оправдува употребата на овој портрет“, укажува на ЕСЧП во соопштение за печатот.

„Едногласно“, судиите заклучија дека нема повреда на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, на која се повика жалителот, новинарот Стефан Селами. Тој на времето работеше за дневниот весник „Ле Паризиен“, на 12 јануари 2012 година напиша неколку статии за серија од три силувања во регионот на Париз, придружени со портрет робот на осомничениот.

Портретот, утврден благодарение на описите на една жртва, не одговараше на лицето на осомничениот, идентификувано со фотографии, појаснува пан-европската јурисдикција. Пронајден во белгиски затвор, наводниот силувач беше екстрадиран неколку месеци подоцна во Франција, обвинет и затворен за силување и обид за убиство.

Верувајќи дека дистрибуцијата пред апсењето на портретот им наштетила на истрагите, комесарот одговорен за истрагата поднесе тужба против Селами. Две од жртвите поднеле граѓанска тужба со образложение дека се шокирани од ова издание.

Стефан Селами, кој сега работи за дневниот весник „Л’Екип“, беше осуден, во првостепена, како и во жалбена постапка, за „прикривање на повреда на професионалната тајна“. Во 2015 година, Касациониот суд ја отфрли неговата жалба, со што неговата пресуда беше конечна пред француските судови.

Ако предметот на статијата – силувања и убодни рани извршени врз жени – е секако „од општ интерес“, „сензационалистичкиот пристап усвоен за претставувањето на портретот беше насочен пред сè да ја задоволи љубопитноста на јавноста“, забележуваат судиите од Стразбур. Покрај тоа, колку што не одговараше на осомничениот, неговото ширење „може само да ги доведе во заблуда читателите“, сметаат судиите.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски