Европскиот суд за човекови права ја осуди Романија

Од:

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди против Романија во врска со враќањето на имотот национализиран од поранешниот комунистички режим, оценувајќи дека тоа не се спроведува доволно ефикасно.

Иако државата во 2013 година донесе нов закон за да овозможи враќање или исплата на отштета за национализиран имот, „механизмот за враќање и понатаму не е доволно оперативен и хомоген“, смета судот.

Во 2017 година до судот се обратија 53 државјани на Романија, кои добија конечна судска одлука за враќање одземен имот или надоместок за истиот.

Но и покрај тоа, тие не добиле враќање на сопственоста или доволен надомест.

„Судот го смета за клучно тоа Романија да продолжи да настојува да ги усогласува нејзините законодавство и пракса со заклучоците што ги донесе Судот во оваа пресуда и со неговите соодветни закони“, се наведува во пресудата.

Судот пресуди Романија да им исплати отштета на тужителите до 10.000 евра за морална штета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“