Европскиот совет вонредно ќе заседава на 29 април поради Брегзитот

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск соопшти дека за 29 април свикува вонредна седница на шефовите на држави или владин на членките на Европската унија во врска со претстојното напуштање на Велика Британија на блокот.

– Мојата желба беше мнозинството Британци да не се изјаснеа да си заминат од ЕУ. Се надевам дека процесот ќе биде најбезболен за ЕУ, истакна Туск.

На Твитер тој појасни дека претстојната средба ќе ги даде политичките насоки за преговорите со Лондон.

Властите на Велика Британија соопштија вчера дека на 29 март ќе го активираат членот 50 од Лисабонскиот договорот за ЕУ. Со тоа ќе отпочнат двегодишните преговори за условите за напуштање на Велика Британија на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска