Европскиот парламент ќе расправа за негово едно единствено седиште

Од:

Европратениците ќе расправаат за едно и единствено седиште на Европскиот парламент заедно со Европската комисија и Европскиот совет на пленарната сесија во Стразбур, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Веќе повеќе години наназад, европратениците повеќепати се изјаснија за едно и единствено седиште на Европскиот парламент, ставајќи ги во прв план симболичните и реалните заштеди на една ваква одлука.

Европскиот парламент како официјално седиште го има Стразбур, но располага со свои згради во Брисел и Луксембург. Најголемиот дел од неговата работа на ниво на комиссите се довива во Брисел, додека Стразбур е резервиран за пленарните сесии. Во Луксмбург се наоѓаат архивите и дел од администрацијата на ЕП.

Најновата дебата доаѓа во моментот кога се зборува за реконструкција или пак дури и уривање на зградата на ЕП во Брисел поради технички проблеми, додека пак во Стразбур во тек е реновирање на салата резервирана за печатот.

Најчести заговорници за преселувањето на ЕП од Стразбур во Брисел беа британските европратеници.

За евентуална одлука за едно единствено седиште на Европскиот парламент, не е доволна одлука на европратениците, за тоа е потребна измена на договорот на ЕУ и едногласна одлука од страна на државите членки.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска