Европскиoт парламент ја разгледува слободата на медиумите во ЕУ

Од:

Европскиот парламент синоќа го разгледа извештајот на европратеничката Ренате Вебер (АЛДЕ, Романија) за слободата на медиумите во ЕУ.

Документот ќе биде гласан денеска во попладневните часови.

При претставувањето на извештајот Вебер кажа дека Европската комисија треба порешително да интервенира, особено преку еврокомесарот за правда Вивиен Рединг, кога медиумската слобода во некоја од државите од ЕУ е доведена под закана.

-Слободата на медиумите треба да биде заштитувана од ЕК, сообразно со европското
законодавство, додаде таа.

Според Вебер, основните стандарди за работа на медиумите – слобода на репортерите и на уредниците, не треба да бидат условени. Се повеќе новинари се подложени на притисок, нападите врз нив треба да бидат примани како напади против правото на информирање и под итно да бидат истражени, препорача известувачот.

Вебер ја повика ЕУ да поттикнува истражувачкото новинарство.

-Имаме потреба од транспарентност на сопственоста на медиумите, како и од мерки против преголемата концентрација во медиумската сопственост, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он