Европскиот парламент денеска и оддаде последна почит на неговата поранешна претседателка Симон Вејл, која почина минатата недела, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Родена во 1927 година во еврејско семејство во Ница, Симон Вејл ги преживеа нацистичките концентрациони логор Аушвиц-Биркенау, Берген-Белсен и Бонрек.
Како симболична фигура на феминизмот, таа придонесе за унапредување на правата на жените во Франција, додека беше француски министер за здравство од 1974 до 1979 година.
Кога се одржаа првите општи европски избори во 1979 година, Вејл беше избрана за европратеник и потоа и за претседателка на Европскиот парламент. Таа стана првиот претседател на директно избраниот Европарламент и прва жена на чело на една европска институција.
За време на нејзините 14 години во Европскиот парламент, Вејл беше и претседател и попретседател на групата на либералите и демократите, по што во 1993 година повтроно се врати на француската политика.
На комеморацијата во Стразбур, обраќања имаа претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани и првиот човек на Групата на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ), Ги Ферхофштат, по што европратениците и оддадоа почит на Вејл со аолауз, за на крајот да биде изведена и европската химна.