Европскиот парламент и изгласа доверба на Комисијата на Жан-Клод Јункер

Од:

Европскиот парламент ја отфрли резолуцијата за гласање на недоверба на Комисијата на претседателот Жан-Клод Јункер, со 461 глас против, 101 за и 68 воздржани, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Барањето за гласање на доверба беше поднесено од 76 европратеници, од кои најголемиот број од британската УКИП и францускиот Национален Фронт, по дебатата на пленарната сесија одржана на 12 ноември околу аферата „Луксликс“ – за затајување и избегнување на плаќање на данок од светските компании со посредство на Луксембург.

Дебата за резолуцијата се одржа во понеделникот вечерта.

Според деловникот на ЕП, за да се распушти Европската комисија, резолуцијата за недоверба требаше да добие двојно мнозинство, две третини од гласовите на тие што гласаа и мнозинство од сите европратеници, односно 376.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он