Европскиoт Парламент ги одобри номинациите на четворица нови еврокомесари

Од:

Европскиот Парламент денеска ги одобри номинациите на четворица кандидати за членови на Европската комисија, кои ќе ги заземат местата на оние комесари кои беа избрани за европратеници.

Новите еврокомесари ќе ги заземат своите функции по истекот на мандатот на актуелната Европска комисија, на крајот на октомври, соопшти прес-службата на ЕП.

Европскиот Парламент гласаше за кандидатурите со 421 гласа „за“, 170 „против“ и 32 воздржани.

Согласно правилникот за работа на ЕП, номинираните беа ислушани од соодветните парламентарни комисии надлежни за нивните области на делување.

Според изборот на Европскиот Парламент, Финецот Јурки Катаинен ќе го замени Оли Рен и ќе одговора за економските и валутни прашања. Италијанецот Фердинандо Нели Ферочи ќе го замени Антонио Тајани и ќе одговара за индустрија и претприемаштвото. Мартин Рајшертс од Луксембург ќе ја замени Вивиен Рединг и ќе одговара за правосудство, основни човекови права и жителството. Јацек Доминик ќе го замени Јануш Левандовски и ќе одговара за буџет и финансиско планирање.

Се очекува наскоро Европскиот совет да ја даде конечната оценка за четворицата кандидати за еврокомесари.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска