Сезоната на шумски пожари во 2021 година во Европа беше втората најлоша од почетокот на евиденцијата во 2006 година, покажува неодамна изработен извештај на Европската Комисија.
Опожарени се повеќе од 5.500 квадратни километри земја во Европската Унија – повеќе од двапати поголема од површината на Луксембург, соопшти денеска Еврокомисијата.
Оваа година може да биде уште поразорна. – По 2021 и 2017 година, во 2022 година повторно доживуваме една од најдраматичните сезони на шумски пожари некогаш забележани, изјави еврокомесарката за истражување Марија Габриел.
Комбинацијата на суши и топлотни бранови доведе до невиден стрес за вегетацијата и шумите, додаде таа.
– Загрижувачкиот тренд од последните години, за кој климатските промени се една од главните причини, продолжува, нагласи Габриел.