Европски избори: Втора листа на „жолтите елеци“ во Франција

Од:

– Движењето „жолти елеци“ најавија составување на посебна листа за изборите за Европскиот парламент, најавувајќи дека ќе го носат „гласот на безгласните“ и „ќе развијат една социјална Европа“.

Листата со име „Собор на Жолти елеци граѓани“, според нивното соопштение, засега брои десет имиња од 79 потребни за да може да учествува на изборите. Таа е предводена од Тиери Пол Валет (42 години), кој се претставува себе си како „социјален актер“ од Калвадос (Нормандија). Покрај него има е еден општински советник од 54 години, органски земјоделец на 51 година, осигурителен агент на возраст од 29 години и студент по медицина на возраст од 27 години.

Тие ветуваат листа на која ќе биде застапена и „претставена националната територија со нејзината географска и социјална различност“, која ќе има меѓу своите „приоритети“ да „развие поголема социјална и демократска Европа, со ограничување на социјалниот дампинг“.

– Европа се наоѓа во срцето на сè, само што таа е ориентирана само кон економијата и финансиите и стана вистинска пречка што ја поткопува нејзината ДНК: Европа на граѓаните, кои сакаат да бидат консултирани, потенцираат „жолтите елеци“. Тие се залагаат за „прашањата на дефицитот, БДП или растот и дека повеќе не треба да се игнорира гласот на безгласните“.

Ова е втора листа на „жолтите елеци“ која најави дека ќе учествува на европските избори.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски