Европски држави се сериозни загрижени поради тоа што доцнат вакцините на „Фајзер“

Од:

Министрите за здравство на шест држави од ЕУ изразија „сериозна загриженост“ за доцнењето во испораката на вакцината Фајзер / БиоНТех против новиот коронавирус.

Министрите на Данска, Естонија, Финска, Литванија, Латвија и Шведска преку писмо ја осудија денеска таа „неприфатлива“ ситуација што го доведува во прашање „кредибилитетот на процесот на вакцинирање“.

Американската лабораторија Фајзер предупреди дека ќе ја забави испораката на вакцини против коронавирусот во Европа од следната недела, се додека компанијата не ги подобри своите производствени капацитети.

Компанијата ги проширува своите капацитети за зголемување на производството од 1,3 на две милијарди дози годишно.

Во писмото, министрите побараа ЕУ итно да стапи во контакт со компанијата и ја истакнаа потребата да се обезбеди стабилност и транспарентност со навремено доставување вакцини.

Би можело да ве интересира

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон