Речиси пет децении откако човекот стапна на Месечината, новиот директор на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јохан-Дитирх Вернер сега предлага изгради на „лунарно село“ на земјиниот природен сателит.
– Зошто да не изградиме лунарно село, запраша Вернер во обраќањето на Меѓународниот конгрес на астронаутика во Ерусалим, објаснувајќи дека селото на Месечината би можело да претставува замена за Меѓународната вселенска станица и појдовна точка за патување во нова, далечна дестинација, како што е Марс.
Според него, лунароното село би било сместено на делот од површината на Месечината што не се гледа од Земјата и нема да биде во „мрежа од неколку куќи, градски совет и црква“, туку би се работело за меѓународна колонија која би се изградила со помош на роботи и која би се изведувале разни научни мисии.
Тој истакна дека првите жители на ова „село“ би биле научници и истражувачи, но порача дека и предприемачите терба да почнат да размислуваат како да се пронајде начин за искористување на природните ресурси на Месечината, како што се златото, кобалтот, железото, платината, паладиумот, волфрамот и хелиумот.
За 2024 година е предвидено затворање на Меѓународната вселенска станица, па Вернер верува дека е време да се планира следната фаза на човековото присуство во Вселената.
– Мораме да размислуваме за иднината по Меѓународната вселенска станица. Мораме да планираме изградба на вселенски брод кој ќе ја проучува микрогравитацијата во ниската земјина орбита, објасни Ворнер.