Европската вселенска агенција предупредува дека во Земјината орбита има голема „турканица“ и дека за да се избегнат судири или оштетувања на сателити се почесто мораат да се прават маневри, предупреди координаторот на ЕСА, Томас Рајтер.
Покрај предупредувањето дека Земјината орбита е почна со различен отпад, Рајтер кажа и дека „состојбата значително се влошила во изминатите неколку децении и дека проблемот ќе продолжи драматично да се размножува“.
-Многу отпад има од тамошните вселенски бродови, рече Рајтер на форумот посветен на работата на всленските летала во германскиот град Бремен, пренесе Хина.
Рајнер предупреди дека е успешно лансиран сателит што ќе доведе до ракидикална промена на глобалниот пристап до интернетот, но не објасни за каква промена станува збор.
Вест е и дека Русија досега во орбитата лансирала рекордни 37 сателити, додека Индија лансирала 31 сателити во вселената.