Европската вселенска агенција ја прекина соработката со Русија за лунарен проект

Од:

Европската вселенска агенција (ЕСА) ја прекинува соработката со Русија за мисијата Луна на Месечината, што претставува уште една последица од тековната руска инвазија на Украина.

ЕСА соопшти дека ќе најде други начини за производство на технологијата потребна за мисијата, која сакаше да ја произведе во соработка со Русите, пренесува ДПА.

На пример, сега ќе се создаде систем за дупчење и анализа во соработка со НАСА, американската вселенска агенција. ЕСА соопшти дека е во тек потрагата по партнер кој ќе го изгради прецизниот пилотски систем за слетување.

„Времето за исполнување на нашите амбиции за силна, автономна и отпорна Европа во вселената никогаш не било порелевантно“, напиша на Твитер генералниот директор на ЕСА, Јозеф Ашбахер.

ЕСА веќе го стави во мирување заедничкиот проект со Русија – Exomars . Проектот беше замислен како обид да се бараат знаци на живот на четвртата планета во Сончевиот систем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз