Европската Унија „преку ред“ ќе добие нова членка

Од:

Граѓаните на Исланд се подготвени нивната земја да ги обнови преговорите за пристапување кон Европската Унија, изјави министерката за надворешни работи на земјата, Торгердур Катрин Гунарсдотир за Политико.

Таа го изјави ова пред најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во официјална посета на Исланд.

„Би рекла дека постои јавна поддршка за обнова на преговорите“, рече Гунарсдотир.

Таа додаде дека повторното отворање на преговорите „е од клучно значење кога станува збор за геополитичката ситуација“ и истакна дека Исланд веќе „напреднал доста далеку во процесот на преговори“ за време на претходните преговори за пристапување од 2010 до 2013 година.

Исланд го започна процесот со апликација за членство во 2009 година, која беше завршена четири години подоцна, иако земјата постигна значителен успех на тој пат за релативно краток временски период.

Сепак, заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го „преземе Гренланд“, територија која се наоѓа во близина на Исланд, како и економската неизвесност поради трговските војни што ги започна и американскиот лидер, ја наведоа сегашната влада на Исланд да го промени својот став.

Вреди да се истакне и фактот дека анкетите спроведени меѓу граѓаните на Исланд ја покажуваат желбата на жителите да се приклучат кон Европската Унија.

Иако од 2013 до 2021 година јавното мислење покажуваше дека Исланѓаните не се за приклучување кон ЕУ, ова се промени и според анкета од декември 2024 година, 58 проценти од нив поддржуваат референдум за членство, 53 проценти го поддржуваат воведувањето на еврото како официјална валута, додека 45 проценти од испитаниците велат дека би гласале за приклучување кон ЕУ.

Треба да се додаде и дека сегашната влада ја сочинуваат Социјалдемократската алијанса, Народната партија и Видреисн, а нивниот коалициски договор предвидува организирање референдум за членство во ЕУ до 2027 година, иако официјалниот став на Народната партија е да се спротивстави на членството.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена е снимката од мобилниот телефон на агентот кој уби жена во Минеаполис

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Украинските пилоти очајни: Тактиките на НАТО не функционираат

Предраг Петровиќ

Барање до Трамп: Интервенирај во Иран

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Уапсен е сопственикот на швајцарскиот бар каде што загинаа 40 млади луѓе