Европската унија постигна договор за цената на гасот, Унгарија против

Од:

Министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ се договорија механизмот за ограничување на цената на гасот да се активира кога цената ќе достигне 180 евра за мегават час, и 35 евра повеќе од референтната цена на течниот гас за период од три последовни дена.

Унгарија беше единствена против утврдувањето горна граница, Австрија и Холандија беа воздржани, а Германија го поддржа договорот. Сите тие земји претходно се противеа на какви било интервенции на пазарот на гас и ценовни ограничувања.

За одлукате не е потребен консензус туку е доволно квалификувано мнозинство, што значи дека мора да биде поддржана од 55 отсто од земјите-членки, односно 15 од нив, а кои сочинуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на Унијата. Механизмот ќе може да стапи на сила од 15 февруари следната година.

На минатонеделниот состанок министрите за енергетика не успеаја да се договорат за ограничувањата на цената на гасот, бидејќи предлогот на Комисијата што предвидуваше превисока горна цена на гасот беше неприфатлив за повеќето земји-членки.

Чешката Република како актулен претседавач со ЕУ, на средбата дојде со нов предлог според кој механизмот би се активирал кога цената на гасот за период од три дена ќе достигне 188 евра за мегават-час.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа реакциите на клучните играчи од ЕУ по пресвртот на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

Европската унија спреми прв одговор за Трамп, објавени детали

Катерина Ѓуровски

Филипче во Брисел побарал европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

(ВИДЕО) Европската унија е формирана за да им направи штета на САД

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нејма јасен пат во овој хаос, последиците ќе бидат страшни – Фон Дер Лајен најави контрамерки

Катерина Ѓуровски