Претседателката на Европската комисија Урсула фод дер Лајен најави дека ЕУ обезбедила дополнителни 300 милиони дози од вакцината на Фајзер/Бионтек. Со ова двојно е зголемен бројот на вакацини наменети за земјите од Европската унија.
Фон дер Лајен најави дека 75 милиони дози од вакцините ќе бидат испорачани во вториот квартал од 2021, а остатокот до крајот на годината.
„Неодамна ја одобривме и вкацината на Модерна. Со две авторизирани вкацини имаме доволно за 380 милиони граѓани што е 80 порценти од популацијата“ – рече Фон дер Лајен.
Таа наведе дека со договорите направени со шест фармацевтски компании ЕУ во моментов има нарачано 2,3 милијарди дози вакцина и нагласи дека тоа е доволно за Унијата, но не и за нејзините соседи.
„Безбедни ќе бидеме само кога сите во ЕУ и во нејзиното соседство ќе имаат пристап до вакцината“ – вели претседателката на Европската комисија.