Европската сонда открива неверојатни тајни за кометите

Од:

Инструментите на европската сонда Розета укажуваат на необични карактеристики на кометата 67П/ Чурјумов-Герасименко, на која минатиот ноември се спушти роботот „Филе“.

Резултатите од седум студии, објавени во четвртокот, потврдуваат дека кометата со широчина од четири километри и одалеченост од 510 милиони километри од Земјата е богата со органски материи.

Снимките направени од камерата со висока резолуција Озириз откриваат необичен облик на јадрото на кометата, составено од две топки со нееднаква големина поврзани со „порта“ со непознато потекло. Научниците не се сигурни дали сегашниот облик на кометата е последица на ерозија или судир на две тела за време на раѓањето на сончевиот систем. – Резултатите од првите анализи претставуваат основа за продолжување на мисијата, изјави Мат Тејлор за Европската вселенска агенција (ЕСА).

Површината на кометата со претежно хомоген состав, се одликува со голем број геолошки структури кои се резултата на ерозија. Забележани се форми идентични со песочните дини на Марс.

– Изненадува разновидноста на геолошките структури, изјави Ханс Нилсон од шведскиот Институт за вселенска физика, кој е еден од ко-авторите на студијата. Атмосферата на кометата, месечевата прашина и молекулите на гас, не се рамномерно распоредени околу јадрото, нагласи тој.

Еден од детекторите на „Розета“ во орбитата околу кометата на далечина од околу 30 километри веќе располага со голем број податоци за честичките на јадрото, како што се нивната големина и состав.

Според научниицте, изненадува тоа што кометата е многу активна, иако моментално е на големо растојание од Сонцето. Активноста е концентрирана на „вратот“ на кометата каде е откриен и лед.

Снимките овозможиле истражувачите да изработат тридимензионален модел на кометата и детална топграфија на местото на слетување на „Филе“.

Квалитетот на мерењета и испитувањата на Розета дополнително ќе се подобрат кога сондата кон средината на февруари ќе се доближи на околу шест километри од кометата.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ