Европската комисија вети финансиска помош за земјите членки што примаат бегалци

Од:

Европската комисија ќе им обезбеди финансиска помош на земјите членки на Европска Унија, кои ќе учествуваат во шемата на релокализација на бегалци, најави еврокомесарот за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас.

На Глобалниот форум за бегалци во Женева, земјите членки на ЕУ се заложија дека ќе отворат 30.000 места за бегалци и баратели на азил, со што ЕУ станува „најголемиот контрибутор“ во напорите за релокализација на бегалци, најави Схинас, но додаде дека се надева дека повеќе земји ќе се придружат кон овој проект.

– Кога соработуваме, создаваме трајни, ефикасни и безбедни системи за да понудиме заштита за најранливите ширум светот, изјави Схинас.

Релокализацијата на бегалци е алатка со која им се помага на барателите на азил да пристигнат на европско тло во безбедни и легални услови.

Миграцијата е еден од врвните приоритети на новата ЕК откако сите напори во последните години да се изнајде трајно и одржливо решение пропаднаа. Релокализацијата на бегалците е еден од клучните елементи во миграциската политика на ЕУ.

Буџетот на ЕУ предвидува 10.000 евра по релокализиран бегалец.

– Ова е клучна компонента во целисходниот пристап кон миграцијата која треба да продолжиме да ја развиваме, заедно со партнерствата со трети земји. Амбициозните заложби на земјите членки мора да продолжат и ЕУ ќе ја обезбеди потребната помош, изјави Илва Јохансон, комесарка за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он