Европската комисија предложи нови санкции за руската нафта

Од:

Европската комисија предложи нови санкции за извозот на руска нафта поради инвазијата врз Украина, потврдија за ДПА претставници од извршната власт на ЕУ.

Шестиот пакет санкции им забранува на компаниите од Европската унија да купуваат нафта од Русија и има за цел постепено целосно укинување на увозот руска нафта во Унијата.

Предлогот доаѓа после неколкунеделни преговори во ЕУ, во услови додека земјите-членки на ЕУ се обидуваа да изнајдат солуција за надминување на економските последици од таквиот потег.

Најмногу отпор кон ембаргото на руската нафта доаѓа од Германија што наиде на многу крит ики од Украина, за на крајот Берлин да ја подржи забраната откако успеа да набави залихи на нафта од алтернативни извори.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек минатата недела соопшти дека Берлин го намалил увозот на руска нафта, и тоа од 35 на 12 отсто за само осум седмици.

Според истражувањата спроведени од Центарот за истражување на енергија и чист воздух, од почетокот на војната во Украина ЕУ увезла руски фосилни горива во вредност од 44 милијарди евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он