Европратениците загрижени за правата на граѓаните поради Брегзит

Од:

Европскиот парламент на денешната пленарна сесија во Стразбур нагласи дека мора да се дадат гаранции за заштита на граѓаните, а потоа ја даде својата согласност за договорот за излез на Обединетото кралство од ЕУ, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Во резолуцијата донесена денеска европратениците направија биланс на правата на граѓаните во рамките на Брегзит и потенцираат дека нивната одлука да го одобрат договорот за повлекување земено е во предвид „стекнатото искуство и обезбедените гаранции“ во однос на нивната заштита. ЕП особено ги изрази своите стравувања за постапката што се користи за добивање статус на постојан престој за обработка на апликациите, во отсуство на физички документ со кој се потврдува правото на престој во Обединетото Кралство за кандидати кои го добиваат статусот, па дури и неговата пристапност.

Европратениците се сомневаат во креирањето и независноста на „независните власти“ на Велика Британија предвидени со договорот за повлекување, потенцирајќи дека дека тие би го поздравиле воспоставувањето на заеднички надзор од ЕП и Парламентот на Велика Британија.

Усвоениот текст повикува на започнување на информативни кампањи за подготовка на граѓаните и ги повикува владите на земјите-членки на ЕУ да усвојат конкретни мерки со кои ќе се обезбеди правна сигурност на британските граѓани кои живеат на нивната територија.

Резолуцијата беше усвоена со 610 гласови „за“, 29 гласа „против“ и 68 „воздржани“ по расправата во вторникот, која главно се фокусираше на иднината на слободното движење и решенијата за ограничување на последиците од Брегзит врз животите на граѓаните.

За Договорот за Брегзит да стапи во сила мора да биде одобрен од ЕП со просто мнозинство. ЕП ќе гласа за договорот за повлекување откако ќе заврши процесот на ратификација во Велика Британија.

Вториот дел од договорот за повлекување ги штити европските граѓани во Велика Британија и британските граѓани во другите земји на ЕУ, како и нивните семејства. Според одредбите, сите права на социјално осигурување според европското законодавство ќе бидат зачувани, а правата на граѓаните ќе бидат загарантирани доживотно. Поврзаните административни процедури мора да бидат транспарентни, флуидни и рационални. Имплементацијата и примената на овие одредби ќе бидат надгледувани од независен орган чии овластувања ќе бидат еднакви на оние на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ