Европратениците усвоија Извештај со кој се бара заштита на независното новинарство

Од:

Потребно е да се поддржат и заштитат медиумите во некои земји – членки на ЕУ, поради зголемената моќ на глобалните платформи и тужбите насочени кон заплашување на новинарите, заклучија европратениците на пленарната сесија на Европскиот парламент.

Парламентот со големо мнозинство усвои „Извештај за европските медиуми во дигиталната деценија“, со кој се бара поголема поддршка од ЕУ и земјите – членки за закрепнување, јакнење на отпорноста и дигитална трансформација на медиумскиот и аудиовизуелниот сектор, кој е во застој поради пандемијата и опаѓањето инвестиции во рекламирањето до 80 проценти.

Недостатокот на разновидност во секторот и недоволното учество на жените на креативни и водечки позиции во индустријата исто така се истакнуваат.

– Медиумската писменост треба да се зајакне, рече еврокомесарот за вработување и социјални права Николас Шмит.

Тој најави дека Комисијата во наредните недели ќе разговара со претставници на аудиовизуелната индустрија со цел подобрување на пристапот и достапноста до аудиовизуелните содржини во Европската унија.

Зајакнувањето на независните медиуми и медиумската и информациската писменост треба да бидат составен дел од надворешната политика на Европската унија, се наведува во извештајот, во кој се истакнува дека помалите медиуми не можат да се натпреваруваат во општите програми со поголемите и затоа е неопходно земјите – членки да поддржат создавање и ширење содржина низ различни платформи и на малцинските јазици.

– Медиумите беа кревки и пред пандемијата, а вирусот се прошири на постојните проблеми и создаде нови, рече Дејс Мелбард од групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), тврдејќи дека „ова е клучен момент за зајакнување на европскиот медиум и аудиовизуелен сектор“.

„Публиката се повеќе се свртува кон дигиталните платформи, а нивните приходи несразмерно одат во рацете на глобалните играчи“, рече таа.

Според неа, „пресудно е да се гарантира финансиска одржливост на јавните медиуми и да се обезбеди и одржува независноста на јавните и приватните медиуми од какви било внатрешни и надворешни политички и економски мешања“.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска