Европратениците бараат поголема контрола на прехранбените производи

Од:

Европратениците бараат поголема контрола на прехранбените производи за да се избегнат новите прехранбени скандали, како тој со коњското месо претставено како говедско, кое ја тресеше Европа во 2013 година.

Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, Европскиот парламент денеска треба да се произнесе за новите построги правила за контрола и инспекција на сите етапи од прехранбениот синџир, Целта е да се засили следењето на производите и да се води борба против обидите за фалсификување и измами, но и да се подобрат условите на животните кои завршуваат во нашите чинии.

Според предложениот текст, инспекциите можат да бидат водени за исхраната на животните, употребата и присутвото на пестицидите, географските назнаки за потекло или условите во кои се одгледуваат животните. Овие контроли ќе бидат во надлежност на националните власти.

За оние кои ќе се обидат да извршат измама или нема да го почитуваат законот од оваа област ќе бидат изложени на построги казни, а се бара нивна хармонизација на европско ниво.

Ако новите мерки бидат усвоени на пленарната сесија денеска во Стразбур, тие ќе влезат во сила на крајот од 2019 година.

И без актуелниве нови правила во оваа област, безбеднсоните мерки во прехранбената индустрија кои се во сила во ЕУ се меѓу најстрогите во светот. Тие дозволуваат да се заштитат потрошувачите со давање на информации за потеклото, составот или етикетите на производите кои служат за исхрана.

Сепак отворањето на пазарот на храната, ги прави производните синџири и синџирите за дистрибуција на истата подолги и посложени, со што се олеснуваат на некој начин измамите и ризиците за здравјето на потрошувачите.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска