Европратеници побараа прекин на мониторингот на Бугарија и Романија

Од:

Членовите на Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент денеска се изјаснија за запирање на механизмот на Еврокомисијата за мониторинг на Бугарија и Романија, јави БТА.

Британскиот европратеник Џефри ван Орден од групата на Европски реформисти и конзервативци посочи дека кога овие две земји пристапија кон ЕУ имало основи за воведување на овоја механизам, но дека сега работите се променети.

– На механизмот никогаш не се гледаша како на долгорочен процес. Тогаш бевме оптимисти дека работите брзо ќе се подобрат, изјави Ван Орден, додавајќи дека и некои други земји во ЕУ се соочуваат со слични проблеми како Бугарија и Романија.

Тој нагласи  дека во некои од областите кои бела цел на мониторингто во двете земји е видлив напредок.

– Европската комисија треба да процени што го спречува вистинскиот напредок, кој Бугарите навистина го заслужуваат и го очекуваат, изјави Ван Орден.

Претставник на Ееброкомисијата, кој учествувал во изготвувањето на извештаијот, рече дека процесот на мониторинг трае подолго од очекуваното.

– Реално е да се замисли дека ако има акција и енергија, ќе стигнеме до точката која ќе ја задоволи Европската комисја, додаде тој.

Во врска со трошоцита за изработака на овие извештаи, експертот рече дека тимот кој ги пишува „не е голем“, а сумата која ја добиваат „не е огромна“.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска