Европол: Над 200.000 жртви во кибер нападот што погоди 150 држави

Од:

Од кибер нападот нападот што почна во петокот погодени се над 200.000 фирми и поединци во 150 држави, изјави шефот на Европол Роб Вајнврајт.

Во изјава за Ај-Ти-Ви тој рече дека светот се соочува со интензивен напад и постои загриженост за исклучително високо ниво на можни напади в понеделник.

Најпогодени се Русија и Велика Британија.

Експерти за кибер безбедност укажуваат дека следен напад е можен многу скоро и би бил – незапирлив.

– Се соочуваме со закана што ескалира и станува се поголема. Секоја година имаме по околу 200 глобални операции против кибер криминал, но вакво досега не е видено..Според најновите податоци погодени се над 200.000 фирми и поединци во 150 држави- нагласи Вајнврајт и додаде дека досега има само „мал број“ случаи кога на напаѓачите им било исплатено за откуп.

Кинески медиуми јавуваат дека глобалниот кибер напад погодил и многу мрежи на универзитети во Кина. Медиуми во Пекинг јавуваат дека студенти ширум државата пријавиле дека нивните компјутери се погодени од вирусот поради кој им е ограничен пристапот до материјали за учење.

Во секој поединечен случај на мониторот се појавува барање за исплата на 2.000 кинески јуани (300 долари) за да им бидат ослободени фајлови од компјутерот

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ