Европол: Кина и Хонгконг се најголеми центри за фалсификувана стока

Од:

Кина и Хонгконг се најголеми центри за фалсификувана стока, која се продава ширум светот, соопшти Европол.

Во 2015 година речиси 86 отсто од фалсификуваните стоки ширум светот, вредни 396,5 милијарди долари, биле со потекло од Кина и Хонгконг, се наведува во извештајот на Европол.

Со унапредување на железничките врски меѓу Кина и Европа се појавува и загриженост дека криминалните мрежи ќе преминат на најевтин начин на транспорт на стоки отколку што е со бродски контејнери или авиони.

Се фалсификува речиси се – од шампони и батерии, електроника, брендирана облека, играчки, лекови и храна.

Бројни фалсификувани производи сега директно се продаваат на купувачи преку интернет, што овозможува минување на таква стока во мали пакети преку граничните премини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски