Европа ја очекува многу топло лето оваа година

Од:

Метеоролошкиот сервис „Аку ведер“ објави прогноза за претстојното лето, според која, во Европа ќе биде многу топло, па на некои делови од континентот им се закануваат големи суши, силни бури и шумски пожари.

– Се очекуваат долги периоди со температури меѓу 30 и 40 Целзиусови степени, но и над 40 степени, изјави метеорологот Тајлер Ројс од „Аку ведер“.

Никаде во Европа не се очекуваат подолги периоди со дожд, што ќе ги доведе земјоделците во неповолна положба. Најпогодени ќе бидат посевите со пченица, пченка, сончоглед и шеќерна репка, предвидуваат метеоролозите.

Пролетта во Шпанија и Португалија забележа огромни количества врнежи од дожд за овој период од годината, но летото ќе биде целосно или главно суво.

Бујната вегетација во текот на пролетта и долгите топли периоди ќе создадат услови за појава на големи и катастрофални пожари на ова подрачје.

На териториите од северниот дел на Франција до северниот дел на Полска можни се силни бури.

Централна и северна Франција, Германија и Данска се наоѓаат на граница на топла и сува јужна зона и студени воздушни струи кои пристигнуваат од север. Токму на тие подрачја им се закануваат силни бури проследени со град, ветрови, поплави, па дури и торнада, предупредува „Аку Ведер“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија