Европа има најголем број новозаразени со Ковид-19

Од:

Повеќе од 718.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во светот во вчерашниот ден, од кои 35 отсто се потврдени во Европа, соопшти Светската здравствена организација во дневен извештај.

Во тој период, повеќе од 12.000 луѓе починале како резултат на вирусот.

Според официјалните податоци на СЗО, досега во светот се регистрирани над 135 милиони заразени и 2,8 милиони смртни случаи од коронавирусот.

Најголем број новоинфицирани има во Европа, речиси 258.000, следат Северна и Јужна Америка со 247.000 новоинфицирани и Југоисточна Азија со околу 145 000.

Најголем број на регистрирани случаи се уште има во САД – над 30 милиони, по што следат Бразил и Индија, каде што бројот на случаи е околу 13 милиони.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана