Европа бара Грузија да си плати за безвизниот режим

Од:

Взглјад – Москва

Пред неколку дена Грузија успешно ја заврши процедурата за воведување безвизен режим со ЕУ. Но Европа одлучила да побара нешто друго покрај „подарокот“. Австрискиот министер на дипломатијата предложи Грузија да се вклучи во програмата за прифаќање бегалци од Африка и Блсикиот исток. Без никој да побара мислење за ова од самата Грузија. За се треба да се плати, нели?

Шефот на австриското Министерство за надворешни работи, Себастијан Курц, минатата недела предолжи бегалците кои се упатиле кон Европа, да бидат смесувани во специјални центри на ЕУ надвор од унијата, на пример во Грузија, во Западниот Балкан или Египет.

Минатата 2016 година не ги потврди прогнозите дека Европа ќе биде „поплавена“ од бегалци, бидејќи се сметаше дека ќе се задржи протокот од 2015, кога според различни проценки, на континентот дошле меѓу еден и 1,8 милиони бегалци. Бројот на бегалците кои пристигнале во ЕУ нагло се намали – до една третина од нивото во претходната година. А и политиката кон оние кои веќе се на континентот беше заострена.

Европа започна со различни средства да го ликвидира проблемот кој самата го создаде. Дури и Ангела Меркел, главниот идеолог и движечката сила зад „политиката на отворени врати“, суштински ја коригираше својата позиција – ништо чудно кога веќе знаеме дека уште колку месеци има до федералните избори, а во германското општество јавно созреа незадоволството од нејзините чекори по ова прашање.

Европската политика за решавање на бегалскиот проблем оди во три главни насоки.

Околу Новата година, полицијата во Келн уапси во едно деноноќие стотици мажи од африканско потекло за да спречи безредија како оние кои избувнаа во градот по минатогодишните новогодишни прослави. Есента во францускиот град Кале беше растурен познатиот импровизиран бегалски камп со шатори, кои ја користеа секоја шанса да се протнат кон Велика Британија. Тогаш кралството одби да прими деца бегалци над 15-годишна возраст. Сега повторно во Кале градоначалникот забрани на мигрантите да им се дели храна за да не изникне повторно таму некоја нова „џунгла“.

Овие мерки неспорно нема да го решат проблемот во целина, но делумно ја подобруваат ситуацијата, барем формално.

Второ, Европа бара начини поефикасно „да ги прифаќа“ бегалците додека се на пат кон континентот. Ќе потсетиме дека за оваа цела беше склучен специјален договор меѓу ЕУ и Турција, кој патем се исполнуваше со нејасни резултати, а во текот на целата минатата година Ердоган и се закануваше на Европа дека ќе се повлече од договорт.

Денес всушност ЕУ го фокусира своето внимание кон другата страна од регионот – Египет. Со споманата изјава, Курц продолжи со далеку посериозни обиди дури и од самата германска канцеларка. На почетокот на март, Ангела Меркел беше во посета на Каиро и темата за бегалците била клучна во преговорите со египетскиот претседател Ал Сиси.

Но досега не можат да се пофалат со некој посебен успех во таа насока. Ал Сиси јавно ја отфрли идејата за специјални кампови – тој изјави дека во земјата веќе има пет милиони бегалци кои живеат во куќи и „јадат исто што јадат и египјаните, исто како и тие да се египјани“. А запрашан дали постои можност да скучи договор со ЕУ од истиот тип на договорот со Турција, Ал Сиси одговори исклучително дипломатски, дека е уште рано да се збпрува за тоа.

Но Европа јавно ќе продолжи со напорите во таа насока. Претседателот на Египет, на пример, е поканет од Ангела Меркел на средба на врвот во Берлин на која ќе се разговара за равојот на Африка, и за борбата против нелегалната миграција.

И на крај, како трето, ЕУ активно се стреми да ги преместува бегалците од срцето на „стара Европа“ кон својата периферија. Овој процес очигледно не буди голем интерес кај земјите членки, но им се наметнува како задолжителен. Тој се развива со променлив успех и на еден позитивен пример (да рече,е во Естонија), а вообичаено негативно пропаѓа (како кај Летонија и Литванија). А некои „бунтовници“ како Унгарија, си дозволуваат дури и крајно тврдоглаво спротивставување.

Но сега, како што произлегува од изјавата на австрискиот шеф на дипломатијата, Европа ќе се обиде да ги пласира своите непосакувани гости дури и надвор од пределите на унијата – во земји со подвлечено проевропска политика и стремеж за зближување со унијата. Токму тоа беше причина Себастијан Курц да ги спомене Западниот Балкан и Грузија во својот коментар.

Во тој контекст, Грузија е од особен интерес затоа што буквално деновиве земјата доби безвизен режим со ЕУ, иако истиот е оптоварен со специјален режим/механизам со кој е предвидено итно замрзнување. Сосема очекувано предлогот на австрискиот министер за надворешни работи беше коментиран од руски политичари кои директно го поврзаа со неодамнешниот „подарок“ од ЕУ. Сенаторот Франц Клинцевич, го спореди сето ова со бесплатно сирење во стапица за глувци.

По се ова изгледа дека предлогот на Виена е изненадувачки непријатен за Тбилиси. Како што тврди грузискиот амбасадор во Австрија, Константин Залдастаншвили, таа тема не е разгледувана во никаква форма за време на грузиско-европските дискусии.

Дури и ако тој предлог биде остварен, тој како и сите останати ќе стане „козметичко“ средство кое нема принципиелно да го реши проблемот со мигрантите за „старата Европа“. која при сите ситуации ќе треба сериозно да се зафати со него на својата сопствена територија. Но истовремено таквата идеја може како ништо а доведе до нова „главоболка“ за Грузија, а најмногу на Балканот каде бездруго има цел куп меѓуетнички проблеми.

Што се однесува до Русија, руски коментатори го открија точно најважниот проблем. Грузиското „Панкиско дефиле“ беше многу долго време (сега далеку во помала мера) убежиште за руски бандити и терористи. Пристигнат ли на грузиска територија мигранти со непознато политичко и воино потекло, тоа може да го оживее односниот проблем и за Русија.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне